Британската полиција предизвикала контролирана експлозија на автомобил во потрага по сомнителен предмет, кој бил паркиран во блзина на седиштетот на јавната радиодифузна корпорација BBC., пренесува интернет страницата на весникот The Sun повикувајќи се на очевидци и додава оти зградата на медиумот е затворена за влез и излез, а блокирани и се улиците во соседството.
Според весникот, контролираната експлозија била изведена на комбе со портокалова боја, паркирано на улицата „Дачес стрит“, со помош на самооден робот за откривање и неутрализација екслозивни направи. The Sun натаму известува дека зградата на BBC е блокирана за влез и излез од неа, и оти исто така е поставен полициски кордон кон соседните улици. На песроналот во главната редакција на медиумот му било советувано да избегнува да биде покрај прозорците.
Лондонската полиција потврди дека во понеделникот извршила блокада на низа важни улици на северот од Вестминстер во врска со потрага по сомнителен предмет во близија на седиштето на BBC.
Во текот на вечрта забрането е движењето во најсеверниот дел од парадната лондонска улица „Риџен стрит“, на плоштадот Ленгам плејс и престижниот блевар Портленд плејс, како и на улицата „Грејт Портленд плејс“, кој ги дели кваровите Мерилеброн и Фицровија. Покрај тоа, блокирани се и малите улички кои водат кон самата редакција.
„Слушнав за робот кој направил проверка на сомнетелни предмети, но екслозија не слушнав. Видовме само дека кај BBC дојдоа полицајци со кучиња за пребарување, но што бараат не ни кажаа“, изјавила вработена во јавниот британски сервис, којашто со десетици мејзини колеги морале да чекаат надвор бидејќи е блокиран влезот во зградата.