Фејсбук објава на ОК ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица:
„Ова е доказ како функционира една криминална власт. Ова е непобитен доказ како се договараат вработувања за партиски послушници и полтрони. Ова е директна комуникација помеѓу самопрогласениот Премиер Димитар Ковачевски Таче и Влатко Стојов – претседател на ОО СДСМ Македонска Каменица.
Во овој случај се работи за обезбедување на работно место – медицинска сестра наменето за Анета Стојчевска – актуелен Претседател на Совет на ЕЛС Македонска Каменица.
На ваков дрзок и криминален начин СДСМ си купува мнозинство во Советот.
Ова е уште еден доказ дека и СДСМ и двајцата независни Советници воопшто не се грижат за интересите на каменичини, напротив, само и единствено за сопствените. Ова е и крај на нивните политички игри и манипулации со граѓаните, затоа што вистината секогаш излегува на виделина. Народот се уверува во она за кое ВМРО ДПМНЕ постојано зборуваше, дека зад конструраните местенки, политички игри и гол популизам стојат единствено СДСМ и нивните купени полтрони – двајцата независни Советници.
За се ова ќе бидат известени сите релевантни и надлежни институции, вклучувајќи ја и Државната агенција за спречување на корупција“.