-4.2 C
Skopje
понеделник, декември 30, 2024

(ФОТО) Кратовчани со јасна порака дека историјата не може да се менува

Кратовчани вечерва со јасна порака дека историјата е историја и таа неможе да се менува. Она што во моментот го има Бугарија а го нема Македонија е заеднички став на сите, истакна во понеделникот пратничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, од протестот во Кратово кој се одржува истовремено во 11 македонски градови, а против ставовите и тајноста на премиерот Зоран Заев во преговорите со бугарската страна.

„Овие прашања за кошто сега за разговара и се договара требаше да бидат прашања по кои сите партии од власта и од опозицијата ќе имаат заеднички изграден став и поставени црвени линии над кој нема да може да се помине“, посочи Пешевска.

Со жалење, како што рече, констатирала дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција е потполно исклучена и како најголема партија во земајта информациите за преговорите и договорите на релација Скопје – Софија ги добива, исто како и сите граѓани, единствено преку медиумите.

„И во една таква ситуација кога опозицијата е обезправена да земе учество во важни процеси за Република Македонија а притоа тие процеси се на штета на нашиот индентитетот и историјата, тогаш решението е улицата. Протести со цел да се чуе гласот на македонскиот народ на кого навистина му е дојдено преку глава од понижувања и виткање на кичма“, посочи Пешевска

Порача дека сѐ додека не се запре со штетните политики на грбот на македонскиот народ, место на партијата и на граѓаните ќе биде на улиците.

You May Like