(ФОТО) Кражба на гласови и полнење кутии, обелоденуваат граѓани

Вчерашните предвремени парламентарни избори покрај хаосот и конфузијата со податоците кои (не) ги објавуваше Државната изборна комисија, се проследени и според сѐ со бројни нерегуларности, како што посочуваат граѓани.

На социјалните мрежи имено е поставена споредба на податоци од записник и информација од комисијата, кои покажуваат дијаметрално различни резултати во една изборна комисија.

Според снимката, станува збор за избирачки место во скопската населба Кисела Вода и во приложениот записник на споменатото избирачко место 2788 се гледа дека коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ таму освоила 87 гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ освоила два и пол пати повеќе гласови – 200.

Меѓутоа, од скринот направен од сајтот на ДУК за истото гласачко мести 2778 се гледа дека СДСМ освоила 255 гласови, или 45,86 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ добила 233 гласови или 41,91 отсто.

Партијата Левица, пак, според записникот има на истото гласачко место добиено 43 гласови, додека спред пресметката на ДИК освоила 32 гласа или 5,76 отсто.

Се поставува прашањето како е дојдено до ваква разлика меѓу записникот сочинет по затворањето на гласачкото место и податокот кој е доставен и според кој ја направиле пресметката во ДИК. Искуството од претходните изборни циклуси, наведува дека веројатно е направен фалсификат на извештајот.

За идентични контроверзни податоци известуваат денеска и други корисници на социјалните мрежи, посочувајќи на влијанија и фалсификувања на изборните резултати од средата. Покра тоа, бројни се и реакциите надлежните тела и партиите да реагираат на овие информации и докази.