(ФОТО) Криминалната коалиција СДСМ/ДУИ на „брза лента штанцала“ дозволи за 200 милиони евра профит на контроверзниот бизнисмен Дака

Во очекување на одговори на клучните прашања кои ги поставив во текот на вчерашниот ден околу изгласувањето на Деталниот урбанистички план за просторот на поранешен ШИК Јелак Тетово, овој ДУП усвоен од крими-коалицијата СДСМ/ДУИ ќе донесен заработка од неверојатни 200 милиони евра на инвеститорот, објави во неделата пратеникот Александар Николоски, аргументирајќи го своите тврдења со документација за која вели дека укажува на тоа дека „сѐ одело на брза лента“.

Според документите приложени од Николоски, Општина Тетово, каде градоначалничка е Теута Арифи а мнозинство во советот го има нејзината партија ДУИ, поднесува барање за согласност за ДУП до Министерството за транспорт и врски на 21.02.2020 а Министерството предводено од СДСМ ја дава согласноста веќе на 28.02.2020 година.

„Министерството предводено од СДСМ за само 7 дена одлучува дека е во ред планот со кој се предвидува урбана џунгла во Тетово од 230 000 метри квадратни од кои само станови се над 2 000 со 8 000 нови жители. Планот со кој се овозможува заработка од 200 милиони евра на инвеститорот е се одобрува за само 7 дена, во услови кога граѓани по месец дена не може да извади обично уверение“, констатира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Николоски притоа прави споредба, за што приложува документ, се гледа дека во претходниот план речиси и да не се предвидени згради, а во овој кој се носи тоа е речиси половина, а исто така, во претходниот не се предвидени деловни простории, а во новиот тоа е скоро една четвртина.

„Очигледно мотивот е голем, слушнавме во објавените разговори во јавноста дека 300 000 евра биле исплатени а на тоа доколку се заврши работата треба да се дадат уште 2 000 метри квадратни како и 2 милиони евра. Се поставува прашањето кај кого од СДСМ и ДУИ завршиле? Како и кој е бизнисменот што ги дава?“, вели Николоски.

Спроед него, во овој случај е клучно пошироката јавност да знае дека Миодраг Дака Давидовиќ е контроверзен црногорски бизнисмен кој е еден од главните финансиери на политичките и општествени структури на Балканот кои се против евроатланската интеграција на целокупниот регион вклучително и Македонија. Целата негова бизнис кариера е поврзана со соработка со структури кои му овозможуваат добри профити кои потоа ги инвестира во подривање на аспирациите на земјите на Балканот за мир, соработка и интеграција во НАТО и ЕУ.

„Не случајно е еден од најконтроверзните ликови во Србија, во Босна и Херцеговина и во Црна Гора, соработник и пријател на најекстремните политички и верски кругови во овие земји, човек врз кој имаше обид и за атентат минатата година и човек кој не крие дека стои позади антидемократски и антизападни политики“, вели Николоски.

Тој ги прашува притоа владејачките СДСМ и ДУИ и нивните лидери Зоран Заев и Али Ахмети дали се свесни дека со ваквите свои постапки дека овозможуваат огромен бизнис од кој профитот ќе биде употребен против стратешката европска и евроатланска ориентација на Македонија?

„Ако има консензус меѓу клучните политички партии во Македонија за членство во ЕУ и НАТО како е возможно да се соработува со вакви контроверзни бизнисмени? Дали бизнис интересите се посилни од се?И дали Заев и Ахмети се свесни дека парите заработени во ШИК Јелак Тетово ќе се користат во целиот регион против демократски избрани влади?“, прашува Николоски.

Ова се прашања на кои јавноста очекува одговор, додава фунцкионерот на ВМРО-ДПМНЕ, и посочува дека добро е јавноста да знае како институциите на брза трака ги носеле одлуките, како целосно се меенува намената на земјиштето и кој е бизнисменот којшто најмногу профитира.