ФОТО| Културно лето на Кисела Вода вредно за историјата – на концертот на Петар Грашо над 30.000 луѓе

Магична вечер која никој нема да ја заборави, се случи синоќа во општина Кисела Вода. Преку 30 000 посетители се собраа во Расадник, на финалето од Културното лето каде концерт одржа Петар Грашо, а вовед во музичката приказна даде Жаре Бербер со “Галама” бенд. Не постои човек кој замина од таму без преубави спомени. До доцна во ноќта во еден глас се пееја силно емотивните хитови на можеби најголемата балканска ѕвезда во моментов. Со неговата најнова „Јел ти река ко“, Петар Грашо го отвори концертот и уште од првата песна ја освои публиката. Речиси два часа публиката собрана во Кисела Вода ги пееше “Ако те питају”, “Срце за водича”, “Уторак”, “Моје злато”… Дел од концертот Грашо му посвети и на Оливер Драгојевиќ преку прекрасна изведба на незаборавните „Цесарица“, „Два пут сам умра“ и многу други. Не изостанаа ни желбите на публиката, а за крај и огномет…

Петар Грашо не ја освои само сцената, синоќа тој испиша една од најубавите страници во историјата на културно-забавниот живот на општина Кисела Вода.

Секако, голема е заслугата и на Жаре Бербер, кој со својот Галама бенд направи толку добра атмосфера што дури и дождот кој се закануваше на почетокот, не ја спречи реката од народ која пристигна во Расадник да игра, да пее и да ужива. А во публиката имаше и стари и млади, како и многу познати ликови и од естрадата и од општествениот и политичкиот живот.

Заокружувањето на настаните ќе се случи во четврток , на 29ти јуни со прославата на 68-иот роденден на Општина Кисела Вода, каде повторно пред салата Расадник, голем концерт ќе одржи групата “Нокаут”, а пред нив ДЈ сет ќе има DJ Mats.

Бескрајната приказна на Општина Кисела Вода која станува се’ подобра, во целост го оправда годинешниот слоган и постави пред себе уште повисоки критериуми за следната година.