Верувале или не, ликот на рускиот претседател Владимир Путин се појави на американското небо. Станува збор за јато птиц кои при својот лет го формирале ликот на Путин.
Американците се познати по честата појава на ликови на нивните идоли насекаде. До неодамна Исус беше тој што имаше навика да продефилира насекаде пред очите на Американците – на небото, на пресечените дрва, на тост-лепчињата, во ве-це шолјите и на други места каде што публиката не чула за пареидолија. Но, изгледа е време за нови лица „на сцената“, еве да речеме – Путин.
Снимката е направена од Шерил Гилберт додека се возела со отворен автобус во Њујорк. Според раскажувањата на очевидците, јатото птици што летало во близина почнало чудно да се однесува, кога одеднаш мистеријата се комплетирала, а на небото се појавил ликот на рускиот претседател.
Едни велат дека е монтажа, други сметаат дека се работи за завера, трети сметаат дека ова е предзнак за лоши времиња за Америка. Прашаните птици, од друга страна, појма немаат зошто нивниот лет предизвикал толку внимание, и тоа веројатно затоа што немаат природна склоност да гледаат човечки лица и таму кај што не им е местото.
Му пишала дека родителите немаат пари да и купат куче, па Путин и подарил
Даша Јатскаја му пишала на Путин дека родителите немаат пари да и купат куче, тој и го подари.
Taa ја видела фотографијата на рускиот претседател Владимир Путин со куче и претпоставила дека тој многу сака животни. Отсекогаш сакала да име куче од раста њуфаундленд и желбата конечно и се остварила.
Иако кучето веќе имало име – Макс, Даша одлучила да му даде сосема прикладно име, затоа што нејзиниот нов миленик доаѓа како подарок од претседателот лично таа го крстила – Дар.
Даша е од Киргистан, а кученцето од раста њуфаунбдленд го добила како подарок од рускиот претседател Путин.
Таа секогаш сакала да има таков миленик, но во Киргистан немало таква раса на кучиња, а нејзините родители немале пари за да и го купат од странство, затоа таа му пишала на Путин.
Вистина е, добивме писмо од девојче адресирано до претседателот во кое што се вели дека нејзините родители немаат пари да и купат куче, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Нејзините родители незнаеле дека таа му пишала на Путин.
Инаку, кучето е од едно одгледувалиште во Казахстан, а Даша го доби своето ново милениче од амбасадорот на Русија во Киргистан.
Извор: 365.мк