Актерката Линдзи Лохан често е во медиумите поради работи со кои не би можела да се фали, како што се испади во алкохолизирана состојба, несоодветни изјави или престои во клиниките за рехабилитација.
Но, сепак, дури и Линдзи понекогаш успева позитивно да ги изненади нејзините фанови.
Така таа на Инстаграм објави фотографии на кои е целосно без шминка и ги воодушеви сите.
„Совршена“, „Прекрасна природна убавина“, „Изгледаш како никогаш подобро “, се само некои од коментарите на нејзините следбеници.
Дека актерката му се враќа на здравиот живот, покажуваат и фотографиите од салата за вежбање.
Многумина меѓутоа се прашуваат дали Лохан навистина сериозно има намера да се откаже од штетните навики.