
Македонија испраќа помош за Србија и БиХ со оглед на тешката ситуација во која се наоѓаат овие земји кои се зафатени од големи поплави.
Првичната помош се состои од чамци, ќебиња, лекови, пумпи за испумпување на вода, агрегати , специјалисти за поплави и медицински персонал.
Владата на Република Македонија на вчерашната седница одлучи во првата интервентна фаза да бидат испратени 75 специјалисти за поплави од министерствата за внатрешни работи и одбрана и од Дирекцијата за заштита и спасување, 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, девет чамци, 3.000 ќебиња и поширока палета на лекови.
ФОТО: Курир