ФОТО| Македонска герила акција во Германија, на наши вина ставени налепници: „Никогаш Северна, само Македонија“

Порталот „Офф.нет.мк“ објави фотографии од македонски продукти во продавници во Германија на кои противници на преименувањето на македонската држава ставиле налепници со пораката „Никогаш Северна, само Македонија“ на македонски и на германски јазик.

Во најголем број случаи станува збор за вина од Македонија, на чии етикети стои дека се од „Северна“, додавка усвоена наспроти јасно изразената волја на две третини од гласачите што го бојкотираа пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година.