(ФОТО) Македонски граѓани се шетаат и се сликаат со младенчиња од лав, што е противзаконско и нехумано

Македонски граѓани се шетаат и сликаат со младенчиња од лав. Овој тренд на социјалните мрежи е пред се опасен, но и противзаконски.

Се огласија и од Анима Мунди. Тие објавија фотографии од еден ваков случај, но тврдат дека последниве денови имало неколку вакви појави.

„ИТНО бараме надлежните институции да спроведат истрага и да ги најдат и најстрого казнат сите оние кои во последните неколку дена се сликаат со младенчиња од лав како да се експонати, титули наместо диви животни заштитени со закон!
Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав?
Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?“ – велат од здружението за заштита на животни.

Од таму бараат одговори од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, МВР, МЗШВ и Агенцијата за храна и ветеринарство.