ФОТО: Македонското знаме се вее во Атина

Во текот на вчерашната средба помеѓу вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, знамето на Република Македонија се вееше на зградата на грчкото МНР.  Телевизијата Канал 5 објави ексклузивни фотографии од македонското знаме кое беше поставено веднаш до грчкото за време на вчерашната средба.

Канал 5 пренесува дел од коментарите во грчките медиуми.

mak_Zname_atina_3

„Вреди да се спомене фактот дека поставувањето на знамето на ФИРОМ во министерството за надворешни работи предизвика љубопитство иако станува збор за цврста дипломатска пракса да се поставува знамето на земјата од која доаѓа гостинот, министер за надворешни работи, веднаш до грчкото знаме. “ – коментираат грчките медиуми.

mak_Zname_atina_3

Сепак и покрај тврдењата декастанува збор за вообичаена пракса, при минатата посета на Бесими на Атина, и средбата со тогашниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос македонското знаме не беше развеано на влезот од министерството.