(ФОТО) Манекенката Џиџи Хадид роди девојче на фарма во Пенсилванија

Џиџи Хадид и нејзиниот партнер Зејн Малик станаа родители на здраво девојче, а среќната вест ја споделија со милиони обожаватели на социјалните мрежи.

„Нашето мало девојче ни се придружи викендов и веќе го смени нашиот свет. Јас сум толку заљубена”, напиша Џиџи под црно-белата фотографија на девојчето кое цврсто ја држи за палецот.

https://www.instagram.com/p/CFgSR7mHV7y/?utm_source=ig_embed

Зејн сподели слична фотографија на својот профил.

“Невозможно е да се опише со зборови како се чувствувам. Љубовта што ја чувствувам кон ова мало суштество е над моето разбирање. Благодарен сум што ја запознав, што можам да ја наречам моја и животот што ќе го имаме заедно”, напиша Зејн.

https://www.instagram.com/p/CFgP88Ml0NF/?utm_source=ig_embed

Фановите претходно се сомневаа дека Џиџи се породила по објавата на нејзината помлада сестра Бела. Имено, Бела на својот Инстаграм сподели фотографија на која позира со Џиџи и двете и го држат стомакот.

https://www.instagram.com/p/CFKl3eRg-Ri/?utm_source=ig_embed

„Две пецива во рерна, само моето е од хамбургер, а она на Џиџи е од Зејн. Те сакам многу, не можам да престанам да плачам”, напишала Бела пред неколку дена.

Супермоделот и поранешниот член на One Direction започнале да се забавуваат во 2015 година, а раскинаа три години подоцна. Гласините за помирување почнаа во 2019 година, а тие за прв пат беа забележани заедно во Њујорк во јануари 2020 година.

Карантинот и целата бременост Џиџи и нејзиниот партнер Зејн Малик ги поминаа на фарма во Пенсилванија.