Мараја Кери ги воодушеви своите фанови објавувајќи фотографија на својот Инстаграм профил на која е облечена во секси градник од тантела.
– Што да облечам, праша пејачката, а 30.000 воодушевени фанови ја лајкуваа фотографијата.
Не требаше долго време да објави уште една, а потоа и уште една.
Мараја Кери се пофали и со голем прстен, подарок од милијардерот Џејмс Пакер за кого планира да се омажи по разводот од раперот Ник Канон.