![kinamasakr](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/kinamasakr.jpg?resize=640%2C361&ssl=1)
Крвав инцидент во кинескиот град Кунмин, мажи до смрт избоделе 27 лица, а повредени се 109.
Според кинеските медиуми масакрот се случил на железничката станица во градот Кунмин, во југозападна Кина.
Според првичните информации нападот е дело на мажи, вооружени со ножеви, а бил извршен вчера во попладневните часови, околу билатерницата на станицата. Идентично облечените мажи влегле во зградата на станицата и почнале да ги бодат луѓето.
На местото на трагедијата забележливо е силно полициско присуство, а по доаѓањето на полицијата од таму биле слушнати и истрели.
Истрагата е во тек, но засега нема никакви информации за евентуалниот мотив на напаѓачите.