
Неидентификуван машки труп бил пронајден во реката Сава, на неколку стотина метри од мостот во Остружница.
На нозете со коноп му биле заврзани две бетонски тули, а на главата во висина на очите била замотана и селотејп трака.
Телото е однесено на Институтот за судска медицина, каде со обдукција ќе биде утврден идентитетот и причината за смртта.