(ФОТО) Масовни грабежи и престрелки во Чикаго, сто уапсени

Полицајците во Чикаго отвориле оган врз крадци и уапсиле повеќе од сто хулигани откако во понеделникот масовно е нападнат луксузен трговски кварт, со ограбувања на продавниците, демолирање на излозите и со повеќечасовни судири си силите за воспоставување на редот.

Началникот на чикашката полиција, Дејвид Браун, оцени дека станува збор за „чист криминал“, а градоначаличката Лори Лајтфут истакна дека инцидентот „се разликува од оправданиот бунт“ кој избувна по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд, на 25-ти мај во Минеаполис. Меѓутоа, и тие протести ширум САД беа проследени со насилства, палежи и грабежи, по што претседателот Донадл Трамп бараше поостар одговор од локалните власти коишто, пак, го критикуваа поради ангажирањето на сојузните агенции за воспоставување на редот и мирот во многи американски градови.

„Ова не беше орагнизиран протест. Ова беше инцидент на чист криминал“, изјави Браун на прес-конференцијата. Додаде дека настрадале најмалку 13 полицијаци, а со огнено оружеје се ранети еден припадник на приватно обезбедување и еден цивил.

Во медиумите и на социјалните мрежи се објавуваат снимки од демолирани излози и лица како бегаат со рацете полни со разни стоки. Повеќето инциденти се случиле на Авенијата Мичиген, во луксузниот кварт познат како Величествената милја.

„Луѓето биле привлечени од објавите на социјалните мрежи во кои се поттикнуваше на грабеж во центарот на градот откако избувнаа тензии поради тоа што полицајци пукале врз вооружено момче“, додаде Браун.

Додека полицијата испитувала 20-годишно осомничено момче, тоа побегнало пукајќи врз полицајците кои биле во потера по него. Полицајците возвратиле и го погодиле. Според медиумските извештани, тој е хоспитализиран и не е животно загрозен.

„По пукањето со собра толпата…. Страстите се разгореа квечерината, поттикнати од дезинформации“, рече Браун.

По објавите на социјалните мрежи во квартот се испратени 400 полицајци, а биле дочекани од маса луѓе кои пристагнале со карвани од автомобили, додаде началникот на полицијата на Чикаго.

Кога полицајците уапсиле маж кој се обидел да побегне со цела каса со промет, врз нив било пукано од возило во движење, па тие возвратиле, додаде Браун. Вети дека полицијата ќе ги задуши безредијата.

FOTO