Маж на возраст од околу 60 години е прегазен во скопската населба Ѓорче Петров на истоимената улица.
Според информациите на Курир во мажот удрил автомобил „Голф“ со скопски регистерски таблички.
Повредениот човек чиј идентитет се уште не е познат итно е пренесен во Ургентниот центар, но детали за неговата здравствена состојба не се познати.
Полициски екипи извршуваат увид.