Сириската службена новинска агенција SANA објави во петокот видое материјал за кој тврди дека исцениран напад со хемиско оружје во сириската покраина Идлиб, подготвен како пропаганден материјал од ткн „Бели шлемови“ со кој треба да се обвинат владините сили и да се предизвика воена реакција на Западот во моментите кога Русија и Турција кои поддржуваат различни страни во сирискиот конфликт постигнаа договор за демилитаризација на покраината.
Видеот по неколку минути било острането од сервисот YouTube, но останува извештајот на агенцијата на нејзините страници на арапски и англиски јазик. Администрацијата на видоехостингот објави дека го остранила материјалот оправдувајќи го потегот со тоа дека видеото не било во согласност со правилата на овој интернет сервис.
Според написот, петминутниот видое материјал е всушност три верзии на иста снимка со „малку изменети сценарија и аранжман на актерите. На почетокот од видеото се гледа како на земјата лежат жртви на наводен хемиски нашад, а еден маж се пренесува на носилки во возило на медицинската помош, додека дете полеваат со вода во пикап.
Притоа, во втората и третата верзија мажот веќе не лежи на носилките, туку помага во измивањето на детето со вода. Според SANA, има и снимки на поголема група луѓе како се полеваат со вода по наводен напад со хемиски агенс, но подоцна во истиот видео материјал тие се во улогата на болничари.
Претходно во септемри руското министерство за одбрана на прес-конференција во Москва објави дека од локални извори постојат информации дека во селото Џиср ал-Шугур, ткн „Бели шлемови“ коишто официјален Дамаск ги опишува како блиски на радикалните бунтовнички групации, снимиле 9 видеа со исцениран хемиски напад кои се подготвени за емитување на една американска водечка телевизија, како и на регионални канали на сунитските арапски земји кои ги помагаат бунтовниците. Тогаш од рускиот Центар за примирје на спротиставените страни во Сирија беше објавено дека оваа информација е добиена од цивилното население коешто се евакуира од покраината којашто е последното големо упориште на бунтовниците кои ги поддржува Западот и на џихадистите.
„Специјално за ’природноста’ на снимките и брзо оепративно дејствивање на ’Белите шлемови’ се земени примероци од почвата во вторникот утрото во Џср-ел-Шугур од селото Хербет-ал-Џуаз каде на бунтовниците им се доставени две цистерни со токсична супстанција врз база на хлор“, беше наведено во соопштението. Беше прецизирано дека е во утринските часови на 11-ти септември во Џиср-ел-Шугур пристигнале снимателски екипи од неколку телевизиски канали од земји од Блискиот исток, како и од регионалното дописништво на една водечка американска телевизија чие име не се соопштува.
На крајот од август сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем обвини дека групата активисти ткн „Бели шлемови“ кои дејстуваат на бунтовничките територии во Сирија кои ги поддржува Западот, а сириската влада тврди дека станува збор за групација која нема никава поврзаност со хуманитарни акции, киднапирала 44 деца коишто ќе ги искористи за исценирање наводен хемиски напад кој треба да предизвика воена интрвенција од САД, Велика Британија и Франција. Муалем, исто така, посочи дека ткн зад создавањето на оваа „псевдоорганизација“ стојат британските тајни служби. Шефот на сириската дипломатија, исто така, истакна дека зад спомената организација којашто и порано исценирала наводно користење хемиско оружје стојат западните тајни служби.
Министерствто за одбрана на Русија предупреди уште кон средината на август дека во регионот на Идлиб дошле и милитанти обучени за ракување со токсични супстанции под раководсвтво на експерти од британската приватна воана компанија „Олива“. Овие терористи треба да играат улога на спасувачи на наводните жртви на напад со хемиско оружје во облеките на контроверзните „Бели шлемови“, рече портпаролот на рускиот Генералштаб, генерал-мајорот Игор Конашенков.
За злоупотреби на деца од страна на западни земји во „валканите провокации“ претходно предупреди и портпаролката и специјален претставник на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Руските министерства истакнуваат дека според сознанија добиени од „независни извори од теренот“, џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, поранешната Џебхат ан-Нусра односно сириското крило на Ал Каеда, подготвуваатпровокација со употреба на хемиско оружје за што ќе биде обвинета владата во Дамск, и оти со таа цел веќе снимаат материјали кои се наменети за блискоисточни и медиуми од англиското говорно подрачје.
На 19-ти април годинава, таткото на момченцето, кое е снимено на видео од ткн невладина организација „Бели шлемови“ кои ја поддржуваат западните земји, а владата во Дамаск ги третира како групација која под маската на спасувачи и хуманитарни работи изведува субверзивни акции во полза на бунтовниците, изјави дека се подготвени да сведочатт дека во градот Дума на 7-ми април не се случил никаков напад со хемиско оружје. Таткото, кој се претставил како Омар Даиб, потврдил дека ќе сведочи пред која и да е меѓународна организација, дека не е вистинито тврдењето на „Белите шлемови“ кое потоа го преземаа медиумите а го прифатија владите на западните земји поради што на 14-ти април изведоа ракетни напади врз Сирија.
„Немаше никакви траги од повреди со хемиско оружје кај мојот син, тој беше малку подисплашен но здрав. Јас и моето семејство сме подготвени да сведочиме во кое и да е место на светот, било во Женева, било во Њујорк, дека немаш никаква примена на хемиско оружје“, изјави. Единаесетгодишнот син на Диаб, претходно во репортажа за телевизијата Россия 24 рече дека борците на исламистичката групација Џаиш ал-Ислам му дале за учество во видео материјалите бисквити и колачи.
Во тој период по западното ракетирање на Сирија, постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), Александар Шулгин, изјави дека руските експерти кои ги проверувале извештаите за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија на теренот во Дума, наишле на лица кои се гледаат на снимките кои ги лиферуваат „Белите шлемови“ како сведоци на наводниот напад. Русија има намера да ги донесе на состанокот на OPCW оние кои учествувале во подготовката на провокацијата во Сирија, додаде тогаш дипломатот.