Доналд и Меланија Трамп ноќеска присуствуваа на официјална вечера откако Доналд беше избран за претседател на САД. Трамп, очекувано, се појави во смокинг, додека првата дама на САД, Меланија одбра фустан со сирена крој.
Иако сите се фокусираа на финалниот говор на Трамп пред да стане 45. претседател на САД, Меланија успеа да одвлече голем дел од вниманието во златниот фустан дизајниран од Рем Акра.
Од победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори ова е првпат Меланија да се истакне и да се однесува во склад со новата улога на прва дама. Досега целото внимание беше насочено на ќерката на Трамп, Иванка, а таа со својот сопруг Џаред Кушнер ќе му биде десна рака на својот татко.