(ФОТО) Мијалков се поднови со луксузен ресорт на Охридското Езеро

Екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, кој во меѓувреме стана политички аналитичар, станал и сопственик на пентхаус во Охрид од неколку стотина метри квадратни на премиум локација на брегот на Охридското езеро – барем, така се тврди на социјалните мрежи, јавува Инфомакс.мк.

Според „TvTheBox“ на Твитер, Сашо Мијалков кого тој го препознава како „самопрогласен аспирант за превземање на ВМРО-ДПМНЕ“, станал и сопственик на пентхаус.

– Самопрогласениот аспирант за превземање на ВМРО ДПМНЕ Сашо Ескобар Мијалков наместо во затвор како што прилега на човек од таков ков, летото ќе го помине во ултра скап ресорт на охридското крајбрежје кое овие денови го прилагодува за своите мегаломански потреби. Имено тој стана сопственик на пентхаус од неколку стотина м2 на име на неговата компанија. Од скромната чиновничка плата дојде до ултра луксузен хотел, замок на Водно и најново пентхаус во Охрид. И сето ова не е баш европски културно иако устата му е полна со Европа. Којзнае ако не Заев на сечење на лента Вице сигурно ќе дојде!, се вели во Твитот.

– Имено тој стана сопственик на пентхаус од неколку стотина м2 на име на неговата компанија. Од скромната чиновничка плата дојде до ултра луксузен хотел, замок на Водно и најново пентхаус во Охрид. И сето ова не е баш европски културно иако устата му е полна со Европа, се вели во Твитот.