Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека оваа година паричката се паднала кај неговиот син Јован.
Меѓу другото тој го честиташе и најголемиот христијански празник кој ни доаѓа утре.
„Семејството е најсилниот темел зад секоја борба и секоја победа. Заеднички труд за целта во која верувате.
Мајка ми го приготви лепчето, а Рози трпезата. Татко ми задолжен за кршење на бадниковото лепче, паричето падна кај Јован, а Антониј е најрадосен 🙏.
Радувајте се на малите работи кои имаат големо значење за нашите животи. Христос се роди! Навистина се роди!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.