ФОТО| Милица Павловиќ: „Доаѓам по пакет најдобро македонско вино и во потрага по момче“

Една од најпопуларните регионални музички ѕвезди од помладата генерација, пејачката Милица Павловиќ во Скопје на 14-ти февруари ќе одржи концерт во салата „Јане Сандански“ во Скопје во рамките на нејзината промотивна турнеја „Лав“.

На него Милица ќе ги промовира песните од последниот истоимен албум, но и ќе направи ретроспектива изведувајќи ги најголемите хитови во нејзината кариера. На прес-конференција која се одржа во вторник, 28 јануари 2025 во Конгресната сала на С.Ц. „Јане Сандански“ пред бројните новинари од Македонија, но и оние кои беа дојдени од најзначајните медиуми од соседна Србија, таа го најави три ипол часовниот спектакл.

Милица на прес-конференцијата дојде облечена во несекојдневна, провокативна ултрамодерна модна комбинација. Скапите модни парчиња, комбинирани изгледаа одлично на телото на згодната пејачка. Таа видно расположена и многу пријатна за комуникација со претставниците на медиумите одговораше на сите новинарски прашања.

Меѓу другото, откри дека е соло, но е отворена за врска, а љубовта ќе ја бара во Скопје. Како што кажа, во Скопје доаѓа по пакет најдобро македонско вино, но ако се пружи прилика и да си ја побара среќата со некое момче Македонче.

Павловиќ кажа дека ја слуша и обожува македонската музика. Посебно ги сака песните на Тоше Проески со кои вели дека пораснала, но ги спомена и оние на Каролина, Калиопи, Елен Ристеска, музиката на Влатко Стефановски. На прес-конференцијата ја испеа српската верзија од некогаш големиот хит на Тоше Проески, песната „Ледена“.

Павловиќ потенцираше дека ја сака и македонската храна. Особено не можела да одолее на благите работи кои и се слабост, а ги пробала кога доаѓала во Македонија, меѓу кои ја издвои баклавата како број еден, за која рече дека е подобра и од онаа сараевската.

Милица зборуваше за сите останати детали од нејзината кариера љубезно одговарајќи и колективно и поеднечно на поставените прашања на љубопитниоте новинари, на кои им откри и дека има нова песна, потоа кој и се најдобри пријатели на естрадата посочувајќи ги Ана Бекута и Саша Матиќ, го објасни пријателството и со Карлеуша, соработката со саша Поповиќ и „Гранд“, зборуваше за детството и нејзините баба и дедо кои ја исчувале по разводот на родителите…

Турнејата „ЛАВ“ продолжува во Скопје, каде што публиката ќе има уникатна можност да ужива во најголеми хитови и незаборавна енергија на божествената „секси сењорита“. Таа најави свои гости на концертот, но нивните имиња ќе останат изненадување за публиката. Сепак кажа дека се работи за две пејачки ѕвезди, една од Србија и една наша од Македонија.

Милица ги покани сите момчиња кои се во врска да им купат карти на своите девојки и заедно да дојдат да ја слават љубовта со нејзините песни и најдоброто македонско вино. Оние пак кои се соло, едноставно да им купат карти на оние кои им се допаѓаат и да гаи изненадат доведувајќи ги на нејзиниот концерт. Концертот ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, во петок, 14-ти февруари 2025 година, почеток: 20:30 часот.

Фото: Јованка Грозданоска