(ФОТО) Милион Каталонци во Барселона го слават националниот празник

Најмалку милион Каталонци приврзаници на независноста на оваа шпанска покраина се собраа во вторникот попладнето во престолнината Барселона на годишното одбележување на националниот ден Диада, повторно демонстрирајќи ја способноста за мобилиациа по неуспешното отцепување од Шпанија кон крајот на минатата година, додека девет нивни челници се наоѓаат во затвор крај Мадрид.

Точно во 17,14 часот во спомен на 11-ти септември 1714 година кога силите на кралот Фелипе Петти ја заземале Барселона, со што била укината автономијата на регионот, учесниците на собирот ги подигнаа знамињата коишто го симболизираат сепаратизмот и повикаа уште еднаш на независност долж шест километри долгата авенија Дијагонал.

Во борбата меѓу австриската династија Хабсбург и француското кралско семејство Бурбон. Каталонците, коишто биле на страната на Хабсбурговците, сметаат дека на тој начин се бореле за својата самостојност, додека заговорниците за унитарна Шпанија тврдат дека тоа е мит. Оттогаш, на шпанскиот престол се династијата Бурбонци.

Целта на атсосферата и сценографијата во вторникот кои умешно ги водеа автономашките здруженија, беше да се прикаже падот на ѕидот кој ги симболизира препреките во напредувањето кон осварувањ на самостојна држава Каталонија. Градската полиција на Барселона објави дека на собирот учествуваат околу милион луѓе, како и минатата година.

По собирот каталонскиот претседател Куим Тора изјави дека „тргнаа на пат без враќање“. „Демократски и мирно го бараме нашето право на нација“, рекол за агенцијата AFP еден од учесниците на собирот.

Поддржувачите на независноста, исто така, во вторникот побараа да се прекинат судските процеси за спаратистичките каталонски челници, од кои деветмина се во затвор крај Мадрид, некои се во домашен притвор, а некои во егзил во странство, поради учество во подготовка на референдумот за независност од ланскиот 1-ви октомври и подоцнежното прогласување на незавсност во парламентот. Слоганот на денешниот собир беше содавање на каталонска република.

Тринаесет каталонски политички челнции од разни провиниенции на политичкиот спектар и уште толку граѓански активисти, меѓу кои и поранешниот регионален претседател Карлес Пучемон, кој пребега во егзил во Белгија, се обвинити за бунт против шпанската држава, користење пари за организирање на референдумот и прогласувањето на незавосноста што ги забрани Уставниот суд, што може да им донесе затворски казни до 25 години.