Австралискиот супермодел Миранда Кер (33) ќе се омажи за милијардерот и осно вач на Снепчат Еван Шпигел (26).
Среќната вест манекенката ја сподели на нејзиниот Инстаграм профил.
Реков да! – напиша таа под фотографијата.
Инаку тие двајца се пријатели повеќе години наназад, а врската ја потврдија во јуни минатата година.
Ова е втор брак на Миранда. Таа во 2010-тата се омажи со актерот Орландо Блум со кого има еден син. Во октомври 2013-тата Блум и Кери се разделија, а неколку месеци подоцна побараа развод.