ФОТО| Младите од ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Дали е ова најдоброто за нашите општини во кои живееме

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денес ги запраша градоначалниците од редовите на СДСМ дали е ова најдоброто за нашите општини во кои живееме?

„Ако ова што го исполнивте во изминатите 4 години е најдоброто што можевте да исполните, тогаш какви би биле Вашите следни локални програми и ветувања?“, прашуваат од Унијата на млади сили.

Ја потсетуваат актуелната власта дека „под разни слогани ветувавте власт, ветувавте еднаков живот за сите, и дека сме сите исти и имаме еднакви права за достоинствен живот“.

„Граѓаните ги губат основните услови за достоинствен живот, она што го имаше го уништивте, а ништо подобро не направивте за граѓаните кои што ве гласаа! Единствено добро е што Ве видовме, видовме што е најдоброто што можете да го направите, видовме колку го цените овој народ кој ве гласаше и кој успешно го излажавте пред четири години. Заслужуваме подобро, доста беше“, истакнуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.