![попови струга](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/popovi-struga.jpg?resize=301%2C480&ssl=1)
Фотографијата направена во текот на Божествената ѓурѓовденска литија во вторникот во Струга, на којашто неколку монаси се качени на настрешница од дуќан предизвика потсмешливи реакции на социјалните мрежи.
Корисниците со разни коментари, некои и во вистинска недоумица, прашуваат дали качувањето на настрешницата на монасите има некое посебно значење итн.
Од струшката црква „Свети Ѓорѓи“ за НетПресс коментираа дека станува збор за монаси коишто се качиле на настрешницата од дуќанот „Балко“ за да направа што поубави фотографии од процесијата, бидејќи самата конфигурација на Струга со тесните улици не овозможувала најдобро да се овековечи величественоста на литијата. Притоа беше кажано дека на монасите и другите свештени лица кои според личните афинитети со фотоапарати и документираат настанот жителите и фирмите во градот, без разлика дали се Албанци или Македонци, муслимани или христијани, им ги отстапуваат своите тераси и балкони за да направат што подобри снимки.
Во вторникот по деветта година со ред се одржа Божествената ѓурѓовденска литија го освети градот на мостовите, која неколку илајди верници ја продолжија древната традиција. Низ улиците на Струга со биење на клепалото од страна на член на Бигорското братство, носачи на крстови, празнични знамиња на најдостоинствен начин се носеа светите мошти на свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона а новина беше и присуството на Пречистанската (Крнинска) икона на Мајката Божја. Годинава првпат присуствуваа и членовите на ансамблот „Македонија“ .