Шпанскиот фудбалер кој игра во Челзи денес има голема причина за радост и славење. Неговата сопруга Алис на свет ги донела нивните две деца.
Пресреќниот татко на социјалните мрежи објави фотографии со синовите кои ги крстиле Алесандро и Леонардо.
Конечно, дојде 29 јули 2018 година, денот што го чекав целиот мој живот. Чекавме толку долго, а сега можам само да кажам, ти благодарам Алис за најубавиот подарок во мојот живот. Знам дека траеше девет месеци, а ние бевме нестрпливи, како да поминаа цели три години, но сега сум најсреќниот човек на светот и таткото на Алесандро и на Леонардо, напиша Мората на Инстаграм.