Оваа мала продавница за венчаници во Мексико е навистина популарна поради мистеријата која ја крие.
Изминатите 75 години, на излогот во продавницата има кукла која изгледа исклучително реално и живописно.
Според локалната легенда, куклата всушност е покојната ќерка на поранешниот сопственик на дуќанот, која починала на денот на својата свадба.
Тамошните жители велат дека сопственикот го балсамирал телото на покојната ќерка и го поставил во излогот како кукла.
Куклата ја нарекуваат Паскалита, а и денешните вработени не смеат да ја допираат.
Таа „чест“ ја имаат само одредени лица кои и ги менуваат венчаниците, што уште повеќе ја зголемува оваа мистерија.