Официјална Москва во петокот ги отфрли тврдењата дека руската војска наводно е вмешана на кој и да е начин во ракетирањето на железничката станица во источниот украински град Краматорск, во коешѕо според најновите податоци загинале 39 луѓе, а уште други 87 се ранети.
Претходно во петокот според украинските власти две руски ракети ја погодиле железничката станица во Краматорск која се користи да се извлечат цивилите од деловите од областа Доњецк кои сѐ уште се под контрола на украинските сили, пред очекувана офанзива на проруските и единиците на руската војска. Украинското министерство за одбрана, потврдувајќи ги бројките на загинатите и повредените, соопшти дека ракетните напади биле изведени додека се одвивала евакуацијата на локалните жители.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна на новинарско прашање на редовниот брифинг одговори дека руските вооружени сили немале никакви планирани мисии во врска со Краматорк во петокот.
Регионалниот гувернер именуван од Киев, Павло Кириленко, во меѓувреме објави на социјалните мрежи дека во ракетниот напад врз железничката станица во Краматоркс загинале најмалку 39 луѓе, а 87 се ранети. Во објавата наведува и дека многу од ранетите се во тешка состојба.
Руското министерство за одбрана, пак, соопшти дека станува збор за проектил од типот „Точка-У“, кој го користи само украинската војска и оти е ист како и оној кој го погоди центарот на Доњецк на 14-ти март, кога загинаа 17 цивили а уште 36 беа ранети.
„Според прецизираните податоци, нападот врз железничката станица Краматорск го извршила ракетна дивизија на украинските вооружени сили стационирани во близина на градот Добропоље, 45 километри југозападно од градот“, се истакува во кусата првична реакција на руското минитерство за одбрана.
Во објавата се додава дека „целта на нападот од страна на режимот во Киев врз…. е да е прекине масовното заминување на жителите од градот со цел да бидат користени како ‘жив штит’ во одбрана на своите позиции“.
Претходно објавувајќи снимки од местото на нападот во Краматорск и потврдувајќи ги бројките за настраданите, претставникот на проруската Народна милиција на Доњецк, Едуард Басурин, прецизираше дека ракетирањето било изведено со проектил „Точка-У“.
„Провокација се случи во Краматорск. Украинските власти не криеја дека подготвуваат уште една провокација. Прво најавија евакуација од градовите Краматорск, Константиновка и Славјанск. Луѓето започнаа да се собираат на местата од каде што можеа да заминат. Долета проектил, има околу 30 загинати“, изјави Басурин кусо по нападот за првиот телевизиски канал.
Штабот на територијалната одбрана на ДНР на својот Telegram канал објави дека Краматорск бил гаѓан со ракета „Точка-У“.
„Во реонот на железничката станица во Краматориск, каде што се одвиваше евакуација на локалното население, беше извршен ракетен напад. Фрагменти од ракетата ‘Точка-У’ паднаа во непосредна близина на станицата“, објавија во Доњецк.
Истакнаат дека станува збор за застарен тип ракетен систем кој не е во воружувањето на руските единици, како ниту на проруските сили од Доњецк и Луганск, туку активно ги користат украинските формации.