(ФОТО) МВР фати „летва пијани“ возачи со 3,64 и 3,28 промили алкохол во крвта

Полицијата вчера продолжи со засилените акциски контроли низ целата земја.

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 274 мерки за сообраќајни прекршоци.

Полицијата казнила 14 возачи за управување под дејство на алкохол, а според објавата од МВР, фатени биле возачи со 3,64 и 3,28 промили алкохол во крвта.

Меѓу прекршоците има и за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 25 за возење без возачка дозвола, 27 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли…