ФОТО: На грчките „демократи“ во младоста идол им бил Хитлер

Членовите и пратениците на Златна Зора постојано се оградуваат од обвинувањата дека се неонацисти и поддржувачи на Хитлер, велејќи дека тие се само Грци националисти кои се партиоти. Но фотографиите од нив кои излегоа на виделина го кажуваат токму спротивното.

Истите се дел од судскиот процес кој се води против златнозорците.  На овие слики „грчките патриоти“ позираат пред постер на Хитлер, а на една од фотографиите, која е направена на гробиштата на германските војници дури има и нацистички поздрав.

Овие фотографии се доказ дека лидерот на партијата, Никос Михалолиакос, заедно со пратеникот Христос Папас кои, веќе неколку месеци се наоѓаат во атинскиот затвор во младоста немале проблем да поздравуваат нацистички, со кукастиот крст на левата рака и да се фотографираат пред постер на Хитлер, кој очигледно во тоа време им бил идол.

zz

zz1

zz2

zz3

zz4

zz5

Извор: Канал5