(ФОТО) На хрватската пејачка ѝ нудат 3.000 евра за секс за една ноќ, ама…

Хрватската пејачка и поранешна домино Алекс Огњена (37) ѝ е преку глава да ја гледаат низ призма на сексот, пишува „Индекс.хр“.

Огњена на социјалните мрежи ги објави пораките кои што ги добива од мажите. Пејачката ја објави непристојната понуда, а притоа му возврати на непристојниот маж.

Следбеник на на Инстаграм ѝ испратил порака во која ѝ понудил одредена сума за секс.

„Ќе ти дадам 3.000 евра за секс за една вечер“, ѝ напишал маж на што Огњена му одговорила „Јас ти давам „блок“.

„Во иднина ќе ги објавувам имињата за вашите жени да видат“, јавно се заканила пејачката и додаде: „Ајде да го решиме ова еднаш и засекогаш. Не барам спонзор! Сама се финансиран цел живот (и себеси и мојот син) и не би се согласила на неморални понуди дури и ако сум гладна. Не се согласував кога ми беше најтешко, нема да го направам тоа денес. Отсега, ваквите понуди одат директно на „блок“. Без исклучок“, додала пејачката.

Ова не е единствената неморална понуда што ја добила.

 

 

ФОТО: Инстаграм