ФОТО| Најмалата средновековна куќа во светот повторно ги отвора портите

Најмалата средновековна куќа во светот повторно ќе биде отворена во Абруѕо како дел од музејскиот проект во градот во близина на Л’Аквила за зачувување на локалната рурална култура и историја.

До пред 140 години, неколку локални селани живееле на имотот во Гориано Вали, со големина од само осум квадратни метри. Оттогаш, малиот простор во кој има само кревет од штици и сламен душек, камин, две столчиња, сандак и мијалник останал затворен.

Сега ќе стане дел од „раштрканиот музеј“ на MuDi во регионалниот парк Сиренте-Велино. Отворањето се очекува во јуни.

„Влегувајќи во оваа куќа, магично се враќаме во секојдневниот живот на село во минатото: (наоѓање) предмети кои говорат за секојдневната работа на селаните во служба на локалниот барон“, вели креаторот на MuDi, Фаусто ди Џулио. „Без тоалети или проточна вода, оваа мала зграда ја задржала средновековната автентичност која им овозможува на посетителите да се нурнат во минатите времиња“.

Целта, вели Ди Џулио, „е да ги инспирираат другите да прават подобро, повеќе и поинаку, поканувајќи ги оние кои поседуваат историски структури во долината Атерно и во паркот Сиренте-Велино да ги обноват и заштитат за да можат да се пренесат на идните генерации, нудејќи им можност за бесплатно вклучување во музејската маршрута како чин на активно учество во зачувувањето на локалната меморија“.