ФОТO| Најмалку 12 загинати во експлозија во кабулска џамија додека траел погребот на главниот портпарол на талибаните

Најмалку 12 луѓе загинале а уште 32 се ранети во експлзиија во неделата во близината на џамијата Идгах во авганистанската престолнина Кабул, во времето кога се одржувала погребната церемонија на мајката на Забиула Муџахид, главниот портпарол на радикалното исламистичко движење Талибан кое од средината на август се врати на власт во Авганистан, пренесува катарската телевизија Al Jazeera повикувајќи се на извор во авганистанските безбедносни служби.

Како што се прецизира, цел на нападот биле лидерите на талибнет и фунцкионери именувани од нив во привремената влада во Кабул, особено претставници на министерството за одбрана.

Претходно Муџахид на Twitter објави дека „екслозијата згрме меѓу голема маса луѓе, како резултат на што има загинати и ранети меѓу цивилите во Кабул“.

Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Саид Кости, изјави дека може да потврди дека во експлозијата загинале две лица на влезот на џамијата а уште четири биле ранети, пренесе локалната агенција Aamaj News.

Според Al Jazeera, талибанските безбедносни сили привеле три лица осомничени за подготвување и извршување на терористичкиот напад.

Група која ја поддржува Исламската држава во Авганистан, и која се противи на Талибанците, ја презеде одговорноста за серијата експлозии во источниот дел на земјата во последните седмици.

Раководството на италијанската болница во Кабул потврди дека примиле четворица пациенти кои биле повредени во експлозијата.

„Слушнав звук на експлозија кај џамијата, а потоа рафали, изјавил очевидец за AFP и додал дека талибаните го блокирале патот кон џамијата бргу по нападот.

Билал Карими, заменик портпарол на талибаните, за The Washington Post изјавил дека „несреќната експлозија“ се случила пред капијата на џамијата на главниот автопат.

„Почнавме истрага за да го утврдиме бројот на жртвите од експлозијата“, рекол Карими, нагласувајќи дека меѓу жртвите нема талибански борци, туку дека загинале цивили.