
Најмалку 13 луѓе починале во Велика Британија при пливање за да се разладат поради топлотниот бран кои предизвика и шумски пожари, оштети железнички шини.
Лондонските пожарникари во вторникот го имале најтешкиот ден од Втората светска воја, бидејќи температурата се искачи на историски рекордните 40 Целзиусови степени, што предизвика пожари коишто уништија десетици куќи во и околу британската престолнина, како и ја запалија сувата трева покрај железничките линии и коловозите.
„Ништо повеќе немаме, сѐ изгубивме“, изјави за BBC Тимоти Сток, кому огнот му ја спалил куќата во селото Венингтон, источно од Лондон.
Изминатите денови од почетокот на топлотниот бран, 13 лица ги загубиле животите додека се разладувале во реки, резервоари и езера, а седум од нив биле тинејџери, изјави пред парламентот во средата, министерот Кин Малтхаус.
Најмалку 41 куќа е уништена во Лондон, а повеќе десетици на други места ширум Велика Британија во пожарите, додаде Малтхаус.
Бројни возови од Лондон кон северна Англија доцнеле или се откажани во средата, откако горештината предизвикана од огнот ги прегреала шините, а оштетена е и опремата за сигнализација и далноводи.
Британија во вторникот го забележа новиот температурен рекорд од 40,3 Целзиусови степени во централна Англија, а на 34 места температурата го надминала претходниот температурен рекорд од 38,17 степени забележан во 2019 година во Кембриџ.
Метеоролозите предвидуваат поподносливи временски услови за средата доцна попладнето со можни врнежи.