Бројот на загинатите во експлозија во зграда во јужниот пакистански град Карачи се зголеми на најмалку 16, пренесува во саботата регионалната новинска агенција Pajhwok.
Претходно пакистанската полиција на својот профил на Twitter објави за десет жртви во експлозијата.
Се додава дека неодреден број повредени се хоспитализирани, како и дека продолжува операцијата на потрага и спасување на преживеаните во урнатините.
Според прелиминарните сознанија на истрагата, експлозијата се случила во зградата на приватна банка. Локалниот телевизиски канал Geo News извести дека можно да е причината за експлозијата да биде неконтролирано истекување на гас.