ФОТО| Најмалку 21 жртва и 50 исчезнати во поплавите во Тенеси

Поплавите кои погодија делови од американската сојузна држава Тенеси однесоа најмалку 21 човечки живот, додека се трага по 50 лица, соопштија тамошните власти во неделата.

Властите збирно ги потврдија бројките на смртно настраданите и исчезнатите, и соопштија дека се спроведуваат потраги од куќа до куќа во погодените области.

Рекордните количества врнежи од 43 сантиметри во некои подрачја предизвикале масивни поплави од саботата попланденот и во текот на вечерта. Посебно настрадал градот Ваверли, недалеки од главниот град Нешвик. Во стихијата се уништени стотици куќи.

Градоначалникот на Ваверли, Волас Фрејзиер изјави за локалните медиуми дека оние коишто загинале во поплавите биле на различни возрасти, од бебиња до постари лица. Весникот The Washington Post, повикувајќи се на членови на семејството, извести дека во поплавата настрадале и седумесечни близнаци.

Катастрофалната поплава корнела масивни дрвја, татнела низ куќите додека автомобили и камиони завршиле во крајпратните трапови, па и на настрешниците на други објекти.