Најмалку 36 луѓе ги загубија животите а уште 16 други се тешко повредени меѓу десетиците настрадани кога во четвртокот се урнал покрив во преполн храм при уривање на покривот на храм во централна Индија, соопштија во петокот локалните власти.
Инцидентот се случил над бунарот во храмот Белешвар Махадев Џиулелал во централната сојузна дава Мадја Прадеш, кога голем маса аџии биле во храмот во рамјите на одбележувањето на хиндуистичкиот празник Рам Навами.
„До денеска извлековме 36 тела и сега се врши нивната идентификација“, изјавил за Associated Press Паван Кумар Шарма, комесар на општинските власти. Додал дека секретарот на одборот кој управувал со храмот е меѓу загинатите, а претседателот на одборот закрепнува од повредите во болница.
Досега тимови од 140 луѓе, меѓу кои 75 војници, распореди сојузната влада во помагањето на операциите за пребарување и спасување.
Најмалку 16 лица во моментов се на лекување во локалните болници, од кои двајца од спасените во петокот „се чувствуваат добро“, изјавил Шарма.
Полицијата отворила истрага за убиство од небрежноста, но досега нема осомничен и приведени, соопштија во петокот локалните власти.
Кабтибхаи Пател, челник на локалната заедница, го обвинил властите дека бавно реагирале во првичното пружање на помошта, како и дека првото возило за итна медицинска помош пристигнало на местото на несреќата дури по повеќе од еден час по пријавувањето.
Според медиумите во четвртокот поради големо оптоварување со луѓе попуштиле скалилата кои воделе кон бунарот во храмот. Очевидци изјавиле дека повеќе од 30 луѓе коишто стоеле на покривот на бунарот паднале кога тој се урнал под тежината. Медиумите забележале како припадниците на спасувачките тимови подаваат јажиња и скали за оние кои сѐ уште се наоѓале во вдлабнатината во земјата.
Весникот Indian Express известува дека храмот Белешвар Махадев Џулела во Пател Нагар бил изграден над бунарот, односно резервоарот со вода во кој се врши ритуално капење или црпење вода, пред околу четири децении.