ФОТО| Најмалку 40 жртви во судар на возови во Пакистан

Најмалку 40 лица загинале во судар на два патнички возови во јужната пакистанска покраина Синд, а уште повеќе од 100 се повредени соопштија властите во понеделникот, додека спасувачките тимови и локалното население работат во текот на целиот ден за да ги извлечат преживеаните и мртвите од смачканите вагони.

Функционерите соопштија дека возот кој патувак од провинцијата Синд излетал од шините и минал на другите ширни. Другиот воз полн со патници потоа удрил во него и се превртел.

Спасувачките тимови ги пренеле повредените во блиските болници и се смета дека повеќе лица се во критична состојба.

Висок функционер од округот Гхотки, Усман Абдула, рекол за Reuters дека е тешко да се каже колку луѓе се уште заробени во возот.

„Околу шест до осум вагони се целосно уништени… вагон за спиење, климатизираната класа, како и економската класа, во кои имало меѓу 47 и 50 луѓе на овоаа страна и околу 50 до 60 луѓе во вториот воз“, рекол Абдула.

Премиерот Имран Кан изјави дека е „шокиран“ од несреќата, и вети целосна истрага. Возот „Sir Syed Express“, кој доаѓал од Равалпинди, се судрил со него и се превртел.

Агенцијата AFP го цитираше портпаролот на железниците кој рекол дека „Местото на кое се случи несреќата е далеку и се соочуваме со тешкотии при спасувањето.

Сликите од местото на несреќата покажуваат останки од неколку превртени вагони. Не е јасно што го предизвикало излизгуваето на возот од шините.

Несреќата се случила рано утрото околу 3,30 часот по локално време кога возот „Millat Express“, кој доаѓач од правецот на Карачи излетал од шините и паднал на шините во спротивниот правец.

Во текот на изминатите неколку години во Пакистан се случија низа железнички несреќи со смртни последици. Меѓу 2013 и 2019 година, 150 луѓе загинаа во ваквите несреќи, според извештаите на локалните медиуми.