ФОТО| Најмалку 60 загинати во експлозија на цистерна на Хаити

Најмалку 60 луѓе загинале во експлозијата на цистерна во вторникот утрото во Кеп-Етиен на Хаити, а неколку десетици други се тешко повредени, соопштија локалните власти.

„Според прелиминарните податоци, бројот на загинатите во експлозијата на цистерната во Кае-Етиен (Cap-Haitien)“, изјавил помошникот на градоначалникот Патрик Алмонор за радиото RFМ.

„На местото на несреќата видов меѓу 50 и 54 изгорени тела. Невозможно е да бидат идентификувани“, рекол Алмонор.

Додавал дека продолжуваат пребарувањата на куќите целосно или делумно уништени во експлозијата и дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Дваесеттина околни згради се запалиле по експлозијата. Властите сѐ уште немаат поединости и за причините за експлозијата.

Според прелиминарните податоци, цистерната се превртела на патот околу полноќ по локално време, или 6 часот утрото во вторникот по македонско време. Случајните минувачи ја искористиле можноста да ги наполнат своите резервоари со горвито. Во меѓувреме дошло до експлозиајта

На Хаити владее недостиг од горива поради контролата на дел од синџирот за снабдување од страна на криминалните банди.