ФОТО| Најмалку една жртва во железничка несреќа во Австрија

Најмалку едно лице загинало, а уште 13 други се повредени, кога во понделникот вечерта воз излетал од шините во регионот Модлинг во сојузната покраина Долна Австрија, објави виенскиот дневен весник Kronen Zeitung.

Засега не се познати причините за несреќата. Според наводите на весникот, на местото на несреќатата сѐ уште работат спасувачи и служби на итната медицинска помош.

„Железничкиот сообраќај меѓу Ахау и Минхендорф (јужно од Виена) во моментов е во прекин. Причината е несреќа“, објавија на Twitter австриските железници.

Во првичната информација на Kronen Zeitung беше наведено за две жртви и 15 повредени, но подоцна оваа информација е коригирана.