Најмалку седум луѓе ги загубиле животите, а 325 се повредни во земјотресите кои ја погодија Албанија ноќта кон вторникот со магнитуди со 6,4 според Рихтеровата скала, пренесува весникот Koha Jone, повикувајќи се на министерството за здравство и социјални работи.
Меѓу жртвите е и десетгодишно дете, чија мајка останала под урнатините во нивниот дом во Тумана, каде што се пријавени уште две жртви, една е пријавена во Курбин и три во Драч.
Според податоците, настраданите се пренесени во болниците во Драч и Тирана. Истовремено, спасувачката служба добила околу 400 повици со барање помош.
Албанските одлучија да ги затворат образовните институции во вторникот во трите града, Тирана, Драч и Лежу.
Досега од под урнатините во градот Драч се извлечени 22 лица, пренесува порталот Bota Sot
Силниот земјотрес со магнитуда го погоди 4 часот по локално време, со епицентар на 10 колометри северозападн од градот Шиџак близу Тирана. Потресот е почувствуван во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и од другата стрна на Јадранот во Италија.