
Фејсбук страната „Journey to the surface of Mars“ (Патување на површината на Марс) објави уште една неверојатна и провокативна фотографија од Црвената Планета.
На фотографијата од роверот на НАСА, Кјуриозити може јасно да се види мистериозен скелет на површината на Марс.
Досега се објавени голем број фотографии од објектите воочени на Марс. Некои од нив имаат логично објаснување, но за поголем дел од нив нема рационално објаснување.
Некогаш се сметаше дека Марс е сува планета, но во последните пет години дознавме дека не се разликувала многу од Земјата во подалечното минато.
НАСА наведе дека дури и денес постои течна вода на Марс, а научниците заљклучија дека атмосферата на Марс во минатото во голема мера потсетувала на атмосферата на Земјата. Исто така потврдено е дека на Марс имало океани, езера и реки. Кога сето тоа ќе се земе во предвид сосема е реално да се помисли дека на Марс постоел живот во далечното минато.
Доктор Џон Браденбург, теориски физичар од Универизтетот во Калифорнија верува дека во далечното минато Марс бил населен од две цивилизации што се нарекувале Кидонци и Утопијанци. Според неговите зборови, овие цивилизации биле уништени во џиновски нуклеарен напад чиишто последици може да се видат и денес.
Тој тврди дека постојат докази дека најмалку две поголеми нуклеарни експлозии се случиле на површината на Марс во далечното минато. Теоријата на Д-р. Браденбург се заснова на трагите од ураниум и ториум што биле регистрирани на површината на Марс. Тој смета дека марсовските цивилизации биле уништени од некоја друга непријателска вонземјанска раса.