Владејачката СДСМ не престанува соприредување скандали и целосно партизирање на општеството, а во низата скандали директно поврзани со процесот на имунизација на населението против Covid-19 според известувањето кое дојде НетПрес можно е и да го нареди и подготвувањето партиски листи за вакцинирање во период кога во земјата сѐ уште е недоволен бројот вакцини.
Според ова известување до општинските организации на СДСМ, наводно генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, се бара да бидат доставени „списоци за приоритено вакцинирање на нашите луѓе“ откако претходно се истакнува дека „првата количина е ограничена“.
Доколку во наредниот период се потврди автентичноста на овој документ, тоа ќе претставува нов пример за фаворизирање на министри и партиски членови при вакцинирањето, откако порталот Лидер пред десет дена објави дека му се познати имињата на членовите на Владата кои прекуредно се вакцинирале. Претходно седмицава порталот News1 од Албанија објави дека вакцинација преку ред обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вице-премиерот Артан Груби. Втората информација преку социјалните мрежи владиниот портпарол ја означи како „лажна вест“.