Граѓани до редакцијата на порталот ОХРИД 24 доставија фотографии на кои се гледа како покривот на една станбена зграда станува кат за домување.
Според граѓаните кои ни ги испратија фотографиите станува збор за зграда во близина на градскиот пазар.
Додаваат дека најчесто се работи во сабота и недала кога инспекциските служби не работат. Бидејќи е викенд одговор на прашањето дали никнува спрат дивоградба ќе добиеме дури во понеделник.
За потсетување поради состојбата со дивоградбите, загрозено е членството на Охрид во УНЕСКО.