
Познатиот карневал во Венеција, градот на вода и на дуждовите во кој песните на гондолиерите ткн баркароли ги вдахнуваа уметниците од цела Европа, беше отворен во неделата на темата љубов.
Претходната вечер, на своевидниот вовед во карневалските денови, маса туристи се собраа на брегот од каналот Канараџо, уживајќи во вечерната претстава на вода и акробатите во воздухот, за во неделата да присуствуваат на спекракуралната изведба на Здружението на венецијанските веслачи.
Годишното издание на фестивалот, коешто ќе трае до 25-ти февруари, се одвива на темата „Игра, љубов и лудило“. Според Масимо Кекето, новиот уметнички директор на карневалот, кој сѐ повеќе наликува и го нарекуваат фестивал, овие три збора се клучни за карневалот чијашто традиција потекнува од IX век. „Љубовта е често придружена од лудоста“, вели Кекето.
Вкупно до 25-ти февраури, на ткн „дебелиот вторник“ пред почетокот на Великите пости пред католички Велигден на 12-ти април, предвидени се околу 150 претстави, концерти, жонглерски шоуа, во кои ќе учествуваат повеќе од 300 артисти.
Карневалските настани ќе го опфатат не само историскиот дел на островска Венеција, туку и главните квартови Мастра и Мергера. Централниот настан на карневалот „Летот на ангелот“ ќе се случи следниот викенд. Специјалниот карневалски настан е посветен годинава на Денот на свети Валентин или Денот на вљубените на 14-ти февруари.
Карневалот во Венеција, за кој како почетна година се зема 1162-та по една воена победа, извесно време бил заборавен, обновен е во 1926 година кога Сенатот на Венецијанската Република го одредил за празнување последните денови пред Велигденските постови, а повторно е заживеан во 1980 година во современа форма. Во тој период за кој градските власти издвојуваат два милиона евра стекнати од спонзори и партнери, Венеција ја посетуваат повеќе од три милиона посетители од целиот свет.