(ФОТО) Најубавата жена на светот е 19-годишен војник

Традиционалната листа на TC Candler и независни критичари секоја година го избираат најубавото лице.

Создавањето на оваа листа започнала во 1990 година, а многумина тврдат дека тоа е најразновидниот избор на убавици, па затоа често содржи потполно непознати имиња.

Титулата за најубаво лице за 2020 година ја доби 19-годишниот Јаел Шелбија.

„Никогаш не сум била прва во ништо … Многу е убаво“, изјави за „Тајмс оф Израел“ 19-годишната девојка, кој во моментот служи задолжителна воена служба во израелското воено воздухопловство.

Манекенката и актерка им се заблагодарила на сите гласачи на својот Инстаграм профил каде има скоро милион следбеници.

Шелбија наводно е во врска со 35-годишниот син на израелскиот милионер Брендон Корф, кој бил протеран од Израел поради кршење на карантинските правила кога тајно ја посетил убавата девојка.