ФОТО: Набавени 1.000 нови пластични контејнери

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи ги промовираа новите пластични контејнери за ЈП „Комуналана хигиена“ во Центарот за селекција на отпад на ова јавно претпријатие, кај бензинската пумпа на Макпетрол на булевар Илинден.

– Со цел да се подобри подигањето на отпадот  на територијата на  градот Скопје, набавени се 1.000 нови пластични контејнери, секој со зафатнина од 1,1 м3. Овие контејнери ги задоволуваат стандардите EN 840-2,5,6 и се изработени од нерециклиран високомолекуларен полиетилен, отпорни на високи и ниски температури, ув-зраци, и на хемиски и биолошки влијанија. Се надеваме, а воедно и апелираме и ги замолуваме  граѓаните коишто ќе ги користат, бидејќи се намените за собирање на комуналниот отпад од колективните домаќинства, да не одлагаат во нив запалив отпад, односно да ги чуваат и да не ги палат, истакна градоначалникот Трајановски.

Promocija novi plasticni kontejneri (3)

Тој потенцира дека досега се запалени 90 контејнери и е причинета  голема материјална штета.

– Градот Скопје за да се побри општата хигиена во градот има набавено и 2 големи камиони за миење и чистење на улиците, а оваа година планираме да набавиме уште 2 нови, а намерата ни е за секоја општина да набавиме по еден камион што ќе се користи за одржување на хигиената на улиците. Но, тоа е што е најзначајно и сакам да го потенцирам  е што ЈП „Комунална хигиена“ од претпријатие со долг од 7 милиони денари во 2007 година стана самодржливо и од сопствени средства набавува опрема за работа, рече Трајановски.

Promocija novi plasticni kontejneri (4)

Во претстојниот период, овие контејнери ќе бидат поставувани на оние локации во градот каде што досега имаше поставено метални контејнери, а ќе се празнат со постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Директорот на ЈП „Комуналана хигиена“, Ракип Дочи,  изјави дека со цел градот Скопје да наликува на другите европски градови секоја вечер 8 цистерни ги мијат неговите улици и се набавени контејнери со рамен капак  кој се отвора со механизам што се придвижува со нога.