(ФОТО) Над 30 часа веб-страницата за јавни набавки е во прекин без известувања во време на распишување тендери!

Без никакви претходни известувања за евентуален дефект, надградба или слично, веб страницата за јавни набавки повеќе од 30 часа е во целосен прекин.

Ова следува во време кога се закажани отворања на тендери, електронски аукции, одлуки и слично.

https://www.e-nabavki.gov.mk/

Менаџери од повеќе фирми стремат кон тоа дека овој момент е многу сомнителен, односно дека во овие денови на големи јавни набавки за АРМ, МВР и многу останати државни институции намерно веб страницата е во прекин.

Главното прашање кое што се поставува е: Што се обидува власта да сокрие од граѓаните на Република Македонија?